Мал поглед во претставата „Трансферату“ со која на 19 октомври ги отвораме вратите на нашиот нов, професионален и независен „Интимен театар“ сместен на улица Стив Наумов број 35 во Битола. Режисер е Софија Ристевска, а главните улоги ги толкуваат Здравко Стојмиров и Маја Андоновска. Ова е постановка за млада девојка која сака да направи пластична операција и да го преобрази своето лице во лице на коза. Текстот е на бугарските автори Младен Алексиев и Станимир Панајотов. Кореографијата е на Кире Миладиноски, сценографијата и дизајнот се на Даниела Димитровска, а костимографијата е на Андреј Ѓорѓиевски.
Гледалиштете на нашиот „Интимен театар“ може
да собере само 70 луѓе, а интересот е изненадувачки голем. Наскоро ќе ја објавиме
цената на билетите за премиерата на „Трансферату“ на 19 октомври. Бидете подготвени набрзо да си резервирате
место. Во меѓувреме кликнете лајк на нашата фејсбук-страница
No comments:
Post a Comment