Театарџиите
и креативците влегувале и излегувале од проектите кои се работени под капата на
„Интимен театар“, но во нашата групата има една константа – режисерката Софија
Ристевска. Таа ги има режирано сите наши претстави и благодарејќи на нејзин
труд, заложба и ангажман на 19 октомври со премиерата на „Трансферату“ ги
отвораме вратите на нашата нова театарска куќа сместена на улицата Стив Наумов
број 35 во Битола. Софи е „Интимен
театар. Но мора да истакнеме дека ниту за секунда не сме го потцениле трудот на
секој од уметниците што влегле во некој проект и оставил парче срце за да се
изработи една претстава.
Софи има
дипломирано на отсекот за режија на Националната академија за театар и филм
“Крсто Сарафов” во Софија, Бугарија. Работела на повеќе претстави во
националните театри, но е и активен дел и од македонската независна сцена. Во
велешкиот Народен театар ја има поставено „Жени“, има работено и во охридскиот
театар. Но ние би сакале да се задржиме на независните проекти. Ја режираше
контраверзната „Лили“ која се играше клубот „Џубокс“ во Скопје. Потоа дојде и
кабаре-претставата „Љубовницата“, па „Љубовта е демоде“ ... Секогаш одбира
актуелни и скокотливи приказни кои покренуваат социјални прашања. Нејзиниот
театар е гласен и бунтовен.
No comments:
Post a Comment