Sunday, October 6, 2013

НЕЗАВИСНИОТ „ИНТИМЕН ТЕАТАР“ ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ

Независниот театар „Интимен театар“ конечно добива свој простор сместен на улицата „Стив Наумов“ број 35 во Битола. Се работи за прва приватна театарска куќа во Македонија која е направена без надворешни инвестиции. Место каде креативни театарџии ќе го искажат своето уметничко „јас“. По три години работа, четири независни и храбри постановки, „Интимен театар“ ќе има и покрив над главата.

Нашиот театар на 19 октомври и официјално ќе биде пуштен во употреба со премиерата на „Трансферату“ во режија на Софија Ристевска, а главните улоги ги толкуваат Маја Андоновска и Здравко Стојмиров. Претстава за млада девојка, која сака да направи пластична операција и да го преобрази своето лице во лице на коза ...  

Ова е прва информација која ја пуштаме во јавноста. За сите наши понатамошни активности можете да дознаете на нашата фејсбук-страница или на овој блог. Кликнете лајк и поддржете нѐ во нашата борба. Засега погледнете две фотографии од нашиот нов дом!





No comments:

Post a Comment