Бугарските автори Младен
Алексиев и Станимир Панајотов играат клучна улога во тоа што независниот „Интимен театар“ на 19
октомври ќе ја постави во Македонија претставата „Трансферату“со која ќе бидат
и отворени вратите на нашата театарска куќа сместена на улица Стив Наумов број
35 во Битола. Тие несебично и без парична надокнада дозволија да го користиме
нивниот текст кој во првичната форма е напишан за радио драма, а ние ќе го
„преточиме“ во претстава. Овој блог-пост е посветен само на Алексиев кој е
главен автор на делото и Панајотов кој е коавтор. На овој свет се уште има луѓе
кои што веруваат во уметноста и не им се поклонуваат само на парите. Младен и
Станимир, ви благодариме!
Театарски режисер од Софија кон светот
Младен Алексиев (1980, Стара
Загора) дипломирал театарска режија на Националната академија за театарска и
филмска уметност во Бугарија и во моментов живее и работи во Софија. Има
режирано голем број театарски претстави. Во 2006 година за радио драмата
„Трансферату“, Алексиев кој е главен автор на делото ја доби главната награда
во категоријата за радио на Интернационалниот медиа фестивал The 8th
Muse во Софија.
Младен има учествувано и во
бројни независни театарски продукции во Софија, Белград и Амстердам. Тој е
учесник во програмата за размена меѓу Akademie Schloss Solitude и Inter Space
Media Art Center во Софија.
Философ во Бугарија и во Македонија
No comments:
Post a Comment