Доколку
го следите нашиот блог или фејсбук-страница веќе знаете дека физичкиот
перформанс „Диско анимиран фанк“ кој е дело на бугарските уметници Огњан Голев
и Ивајло Димитров , светската премиера ќе ја има на 18 декември (среда) во 20
часот во просториите на нашиот независен „Интимен театар“ (улица Стив Наумов
35, Битола). Се работи за ексклузивна соработка меѓу нашиот театар и
здружението „По вистински случај“ од Софија. Делото исто така ќе можете да го
погледнете и на 19 декември (четврток) во 18 часот, а веднаш потоа Огњан и
Ивајло заминуваат за Бугарија за прв пат да го претстават перформансот и во
својата татковина. Билетите за овие две есклузивни изведби чинат 150 денари. Карти
можете да се купите кај нас, во „Интимен театар“ (сместени сме во близина на
месната заедница „Стево Патакот“ во Битола) или пак да си резервирате место на
телефонот 078/307 569
Здружението
„По вистински случај“ има дебела биографија зад себе. Постои пет години и досега
има реализирано четири независни авторски театарски проекти. За „Пеперутките се
всушност истребувачи“ ја доби наградата ИКАР која е најголемо признание за
театар кое го доделува Сојузот на артистите на Бугарија. Здружението „По
вистински случај“ воедно во 2011 година беше номиниран за годинешните награди
на Софија за важни достигнувања во областа на културата, во категоријата „театар“.
No comments:
Post a Comment