Новата седма претстава на „Интимен театар“ чија премиера
е закажана на 28 декември (понеделник) и на 30 декември (среда) е правена по пиесата на Франк Ведекинд, „Будење на
пролетта“ и по документарни материјали, поточно лични раскази собрани од самата
екипа.
Франк Ведекинд (1864-1918) е германски
писател кој пишувал во времето кога Фројд ја пласира својата теорија за сексуалноста, во почетокот на 20 век.
Почнал како новинар и актер, пишувајќи песни и пантомими.
Неговата прва драма „Будење на пролетта“ е всушност и негово најпопуларно дело.
Голем дел од неговата продукција ја чинат драми во кои главно место зазема
светот на нагоните и страстите. Често се повикува и на малограѓанскиот морал и
општествени конвенции кои ја опишуваат детално човековата исконска страст и
љубов.
„Будење на пролетта“ предизвикала многу бурни реакции во
тоа време. Ова дело ја критикува сексуално угнетувачката култура на 19 век и
дава дава жива драматизација на еротските фантазии. Со оглед на контроверзните
теми (пубертет, сексуалнос, силување, злоупотреба на деца, хомосексуалност,
самоубиство, абортус), претставата често била забранета или цензурирана.
За прв пат е изведена на англиски јазик во 1917 година во
Њујорк, пред одбрана публика. Ведекинд има големо
значење за развојот на експресионизмот во германската драматургија, а извршил
големо влијание на многу писатели во средна Европа.
No comments:
Post a Comment