Интимен театар наскоро ќе ја изненади својата верна
публика со нова премиера, која овојпат е целосно посветена на жената. Најновиот проект „Будење
на пролетта“, ги разгледува проблемите на женската популација во нашето
општество, како сегрегацијата и етикетирањето на секојдневно ниво, врз различни
основи. Во ова време на суров неолиберализам, кога жената има професија и
кариера, а плус мора да е добра мајка, домаќинка, сопруга и љубовница, таа се
соочува со константната нетрпеливост и нетолерантност од страна на општеството,
што не е едуцирано и истренирано, за да го толерира моделот на ЖЕНА – ЛИДЕР.
-
Нашата претстава со голема доза на хумор и самокритика, ги разгледува
проблемите на жените што се борат активно за своите позиции и не потпаѓаат под
ничие влијание. Ги разгледуваме нивните проблеми со тежината и нивното активно
посетување на часовите по аеробик. Ги разгледуваме и ситуациите со шефовите
мажи во фирмите, што редовно им предизвикуваат непријатни ситуации. Ги
анализираме и желбите за екстремни спортови, што создаваат високо ниво на
андреналин, како заштитен механизам против светот што не опкружува и на крајот
зборуваме за свадбите и за сите подготовки окулу нив. Со огромна доза на хумор
анализираме со колку многу предизвици се соочува жената и колку многу очекувања
се вперени во неа. А за да биде иронијата поголема, дури и кога е најзаслужна,
таа тешко го добива своето признание -вели режисерката на претставата Софија
Ристевска.
Режисерката Софија Ристевска |
Фотографија од претставата „Будење на пролетта“ |
Новата
претстава е работена по текстови од Франк
Ведекинд и документарни материјали. Режијата е на Софија Ристевска, драматург е Билјана Крајчевска, а
кореографијата е на Кире Миладиноски.
No comments:
Post a Comment