Најголемо
изненадување во новата претстава „Будење на пролетта“, која се подготвува во „Интимен
театар“ е режисерката Софија Ристевска која за првпат ќе се проба и како
актерка. Покрај, неа во новата претстава, играат и актерот Здравко Стојмиров и
Стефанија Милевска, позната пејачка, танчерка и актерка.
Режисерката
на „Будење на пролетта“ вели дека отсекогаш сакала да се стави во кожата на
актерите.
-
Ова е прв пат да глумам во моја претстава. Се решив на овој чекор за да ја
запознаам уште подобро професијата на моите глумци, за да можам во иднина уште
поумешно и поиновативно да работам со нив - вели Ристевска.
Режисерката Софија Ристевска ќе глуми |
Таа
дипломирала театарска режија во Софија, Бугарија и досега има режирано над
триесет претстави во најразлични театри во државата, во Србија и Бугарија. Нејзиниот
„Интимен театар“ постои веќе пет години и во овој независен културен простор,
таа се обидува да креира театарски свет заснован врз документарни материјали,
најчесто создавани од учесниците во проектот.
Актерот
Здравко Стојмиров, дипломирал актерска игра во Благоевград, Бугарија и досега
учествувал во речиси сите продукции на „Интимен Театар. Работи и во „Битолски“
и „Прилепски театар“, како и во многу проекти на „Мал Драмски театар“ од
Битола. Неговиот актерски израз е многу специфичен и се карактеризира со големи
трансформации, изразени преку
лабораторната работа со телото и гласот.
Актерскиот израз на Здравко Стојмиров е многу специфичен |
Стефанија Милевска е млада пејачка,
танчерка и актерка, којашто завршила џез пеење во Софија, Бугарија. Нејзините
вокални и физички способности, даваат големо богатство и надоградување на нејзиното
актерско присуство на сцената. Стефанија беше дел од претставата „Со љубовта
шегување нема“, на „Интимен театар“, а ова е нејзина втора соработка со нашата
театарска куќа. Овој месец, Стефанија го промовираше и својот прв музички албум
„Ретро – Перспектива“ и имаше настапи во живо во речиси сите поголеми градови
во државата. „Будење на пролетта“ е работена по текстови од Франк Ведекинд и документарни
материјали. Режијата е на Софија
Ристевска, драматург е Билјана Крајчевска, а кореографијата е на Кире
Миладиноски.
Стефанија Милевска е млада пејачка, танчерка и актерка |
No comments:
Post a Comment