„Скршената стомна“ е
новата претстава која се подготвува во „Интимен театар“ од Битола, работена по мотиви од Хајнрих Фон Клајст, германски автор од почетокот на 19-ти век и авторски текстови на Билјана Крајчевска. Режисерката Софија Ристевска објаснува дека „Скршената стомна“, е
претстава за човекот на дваесет и првиот век, којшто е претворен во шуплива
кукла, манипулирана само и единствено од моќта на капиталот.
Во новата претстава играат Маја Андоновска Илијевски и Никола Пројчевски |
-Емоциите, љубовта и
семејните социјални врски, сè поретко се појавуваат во секојдневието на човекот, што е
пласиран и определен само и единствено од пазарот на трудот. Кариерата и
финансиската моќ се ставени пред основните човечки начела и принципи. Инстант
живеењето нè осакатува и не претвора во осамени, егоистични и
антисоцијални индивидуи. Во натпреварот за поуспешна и поисплатлива кариера,
станува сè потешко да се создадат семејство и поколение, па оттука се
поставува прашањето дали капиталот е доволно добар за да го замени нашето
неродено дете, нашите љубовни врски... Дали капиталот е доволно емоционален да
го замени човечкиот стремеж за социјална припадност?- вели Ристевска за
најновиот проект на “Интимен театар“, кој со нетрпение сака да го претстави на
публиката. Во новата претстава играат Маја Андоновска Илијевски и Никола
Пројчевски.
No comments:
Post a Comment